Борусија Дортмунд одлично го почна мечот, со гол на Фулкруг поведе со 1-0 уште во седмата минута, но само две минути подоцна Госенс изедначи на 1-1.
Во 30. минута Унион Берлин доби пенал. Бонучи го изведе ударот од белата точка и даде гол за комплетен пресврт и водство од 2-1.
Борусија Дортмунд брзо во второто полувреме ја врати предноста. Во 49. минута Шлотербек израмни на 2-2, а пет минути подоцна Бранд погоди за предност од 3-2.
До крајот на мечот гол даде и Риерсон за конечна победа од 4-2.
Во другите натпревари од Бундеслигата кои се играа во истиот теремин, Штутгарт со 3-1 го совлада Волфсбург, Дармштад забележа гостинска победа кај Аугсбург од 2-1, немаше погодоци на дуелот меѓу Лајпциг и Бохум.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.