Борусија Дортмунд со „отровни стрели“ кон Томас Тухел

by
1 минути читање

По две години соработка, Томас Тухел и Борусија Дортмунд се разделија. Низ медиумите се шпекулираше дека тоа ќе се случи, а како причина се наведуваа недоразбирања помеѓу тренерот и раководството.

Реакцијата на извршниот директор Ханс Јоаким Вацке ги потврдува ваквите пишувања. Тој под прашање ја стави вербата и почитта на Тухел кон клубот.

„Не се работи за резултатите. Она што е важно се фундаменталните вредности како доверба и почит“ – им се обрати Вацке на фановите со отворено писмо.

„Се работи за тимска работа, комуникација, автентичност и идентификација. Можноста да се комуницира и работи како тим со сигурност и лојалност“.

„Фактот дека Дортмунд и Тухел се разделија испровоцира критики и недоразбирање кај одредени фанови. Ние, луѓето одговорни за менаџирање на клубот го разбираме тоа“.

„Со Томас Тухел на чело, Дортмунд имаше две успешни години во кои ги остваривме зацртаните цели“.

„Како и да е, јас и спортскиот директор Михаел Зорк во овој период не се гледавме многу со тренерскиот тим“.

„За жал ние веќе не верувавме дека овој стручен штаб може да ни понуди успешна иднина базирана на доверба“.

„По интензивните разговори донесовме конечна одлука која сметаме дека е најдобра а тоа е да не ја продолжиме соработката со овој тренерски тим. Оваа одлука едногласно е поддржана од сите комитети во клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани