„Милионерите“ рано дојдоа во водство, со гол на Фулкруг во 18. минута поведоа со 1-0, но нивната предност траеше само седум минути, тогаш Крмариќ изедначи на 1-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме, Марко Ројс даде гол за ново водство на Борусија Дортмунд, овојпат од 2-1.
Дортмунд преку 20 минути играше со фудбалер помалку откако Бенсебаини заработи втор жолт картон во 71. минута. Хофенхајм се обидуваше да го искористи тоа, но не успеа.
Во 95. минута Борусија Дортмунд постигна уште еден гол, стрелец беше Рирсон за конечни 3-1.
Со овие три бода Борусија Дортмунд е на чело на табелата, но од таму веројатно ќе биде симната веќе по утрешните натпревари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.