Борусија Дортмунд има доверба во хрватскиот стратег

by 24 фудбал
1 минути читање

Хрватскиот стручњак Нико Ковач ќе го задржи кормилото на Борусија Дортмунд и во претстојната сезона, откако раководството на клубот изрази целосно задоволство од неговата работа.

Во последниот дуел „милионерите“ забележаа важна победа од 3:2 над Борусија Менхенгладбах и сега се наоѓаат на седмото место во Бундеслигата. Според извори на германскиот „Билд“, шефовите на Дортмунд се воодушевени од трансформацијата на тимот и привлечниот стил на игра што Ковач го имплементира.

И покрај тоа што клубот не е во најповолна ситуација на табелата, со четири кола до крајот сепак останува во трката за пласман во Лигата на шампионите. Раководството е децидно дека сака да му даде доверба и да продолжи со развојот на екипата под водство на поранешниот селектор на Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани