Борнмут прифати рекордна понуда за Аке од Манчестер Сити, сега на потег е Челси

by
1 минути читање

Борнмут кој испадна од Премиерлигата ќе ја направи својата рекордна продажба. За 41 милион фунти ќе го продаде дефанзивецот Нејтан Аке.

Тие ја прифатиле понудата на Манчестер Сити, но треба да се праша и Челси.

Во договорот од 2017 година кога Борнмут го купуваше Аке од Челси, има клаузула според која клубот од Стемфорд Бриџ мора да добие шанса да ја изедначи секоја понуда за Аке која ќе ја прифати Борнмут.

Според тоа Челси сега ќе има можност да понуди исто како и Сити 41 милион фунти, па Аке да одбере за кој клуб ќе потпише. 

Наскоро ќе биде познато дали Челси го сака Аке назад или нема да се обиде да го врати и тој ќе стане ново големо засилување за Манчестер Сити. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×