Милан е во
преговори со Рома за ангажман на Николо Заниоло, Паоло Малдини чека зелено
светло од сопственикот Гери Гардинале за да тргне во финална офанзива.
Но сметките на
„росонерите“ им ги мати Борнмут, популарните „цреши“ подготвуваат сензационален
трансфер.
Клубот од „Виталити“
за услугите на Николо Заниоло нуди 30 милиони евра, плус бонуси, плус процент
од следна продажба, предлог кој е блиску до она што Рома го бара.
Mногу работи ќе
зависат и од самиот фудбалер, кој ќе треба да одлучи дали сака да се пресели во
тим кој се бори за опстанок во Премиерлигата, или пак да продолжи во топ клуб
од Италија кој му нуди и настап во Лигата на шампиони.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.