Мошне добро е
познат случајот за дуелот помеѓу Лејтон Ориент и Тотнем во рамките на
англискиот Лига куп кој е одложен поради неколкуте позитивни случаи на ковид-19
во таборот на аутсајдерот.
Тотнем ги покри
трошоците за тестирањето во Лејтон, а сега по истото сценарио сакаше да се води
и Манчестер Сити во пресрет на утре вечерното гостување кај Борнмут, меѓутоа до
тоа нема да дојде.
Како што пишува „Дејли
мејл“, иако Манчестер Сити се понудил да ги покрие трошоците за тестирањето, од
Борнмут ја одбиле таа понуда, па самите ќе го сторат тоа, а вреди да се
напомене дека не сите клубови од Премиерлигата се понудија да го следат
примерот на Тотнем и Манчестер Сити во однос на клубовите од пониските дивизии
на Островот.
Сити и Борнмут
имаат одлични релации, а во летниот преоден рок Пеп Гвардиола како засилување
од таа екипа го доби дефанзивецот Натан Аке, за кого Манчестер Сити издвои 41
милион фунти, а првиот човек на Борнмут, Џеф Мојстин е голем навивач на „Граѓаните“.
Вреди да се
додаде дека не е ист протоколот за заштита од коронавирусот за клубовите од
пониските дивизии на Островот, кои немаат обврска за тестирање за ковид-19 на
неделна основа..