Борко Ристовски: Ако се потврдат сомнежите, на Кожуф и Башкими ќе им биде одземена лиценцата за спорт!

by riste
0 минути читање

Министерот за Спорт, Борко Ристовски реагираше за скандалот кој се случи во Гевгелија на мечот меѓу Кожуф и Башкими.

Башкими со скандалозен гол во 94. минута дојде до победа. Домашните фудбалери на чело со голманот не се мрднаа и дозволија гостите да дојдат до трите бода.

Овој скандал брзо ја разбранува целата јавност, а со изјава преку социјалните мрежи се јави и министерот Борко Ристовски.

„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на фудбалските клубови Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт“, изјави министерот Ристовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани