Борха Валеро се враќа таму каде што му е најубаво, во Фиорентина

by
0 минути читање

Валеро токму од Фиорентина премина во Интер. Виолетовиот дрес го носеше пет години и имаше голема љубов од градот, клубот и фановите. Таму го гледаа како Бог.

Љубовта на Валеро кон Фиорентина беше дотолку голема што тој ги истетовира и координатите на Понте Вечио (Стариот Мост) во Фиренца.

35-годишниот фудбалер сега е слободен играч откако Интер одлучи да не го продолжи договорот со него.

Информациите велат дека ќе потпише едногодишен договор со Фиорентина иако се поврзуваше и со Верона, Џенова и Парма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×