81
Расизмот е во центарот на вниманието во Италија од синоќа, а претходно беше и во Англија кога фановите на Челси беа обвинети за расистички навреди на мечевите со Манчестер Сити и МОЛ Види.
Синоќа во неколку наврати фудбалерот на Наполи, Кулибали беше мета на расистички скандирања од навивачи на Интер.
Сари кој е поранешен тренер на Наполи а сегашен на Челси излезе со изјава по повод борбата против расизмот.
„Не сакам да генерализирам бидејќи 99% од нашите фанови се навистина прекрасни. Но во секоја група мислам дека има глупи луѓе. И борбата против расизмот е борба против глупите луѓе, не против навивачите на Челси“, изјави Сари.