Бонучи: Разочарани сме, штета, сантиметри одлучуваат во овие дуели

by
1 минути читање

Јувентус за прв пат е елиминиран од француски клуб во Европа. Старата дама испадна поради гол помалку на гостински терен. Требаше да победи со два разлика, но триумфираше само еден. Разочарувањето е големо.

„Јасно е дека сме разочарани. Знаевме дека Лион ќе се брани со 10 играчи позади топката и ќе биде на својата половина. Креиравме многу шанси, но во фудбалот треба и да ги искористите“, вели Бонучи.

„Штета. Требаше да одиграме многу подобро во првото полувреме во Франција кога креиравме многу малку и му дадовме шанса на Лион да постигне гол“.

„За жал, сантиметри ја прават разликата на ова ниво, дали топката ќе влезе или не“.

„Докажавме дека нашиот фитнес левел е добар, притискавме 95 минути, креиравме четири-пет чисти шанси за гол и мислам дека Лион имаше еден шут на голот. Но тие се квалификуваа, честитки за нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×