Бонучи „плаче“ по поразот од Македонија: Правилата се лудост, примивме еден гол во 92. минута и….

by
1 минути читање

За СП 2018, во
баражот се играа два натпревари, еден дома и еден во гости, но за СП 2022 има
измени, шанса им се дава и на победници од групите во Лигата на нации и се игра
полуфинале и финале.

Новиот форма не
му се допаѓа на Леонардо Бонучи, кој реши малку да „поплаче“ по поразот од
Македонија.

„Мислам дека е апсурдно
да се игра еден натпревар. Одлуката е лудост. Во групната фаза се игра
дома-гости, во многу купови се игра дома-гости, а за да се оди на Светско првенство
играте еден натпревар на кој се може да се случи, како што видовме“
– вели дефанзивецот.

„Има
репрезентации од други континенти кои обезбедија билет за Светското првенство
со 4-5 порази. Ние останавме без мундијал поради гол примен во 92. минута и тој еден единствен пораз“.

„Навистина, ова е
лудост“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани