196
Рома тргна да го ангажира Бонучи од Унион Берлин, но кога излезе веста за овој евентуален трансфер, навивачите на волчицата веднаш се побунија. Тие не сакаа да се случи овој трансфер бидејќи дефанзивецот е легенда на Јувентус.
Раководството на клубот не сакаше да оди против волјата на навивачите и реши да ги прекине разговорите со германскиот клуб и Бонучи.
„Бонучи? Не сакам да коментирам бидејќи тој не е наш фудбалер. Како и да е, фановите се срцето на клубот и кога тие не сакат нешто, лично мислам дека не треба да го правите од почит кон нив“, вели Мурињо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.