Николо Фаџоли е под лупа поради обложување, а како дел од истрагата, тој го предал својот мобилен телефон на вештачење.
Изстражителите нашле пораки на кои јасно се гледа дека фудбалери на Јувентус и луѓе од персоналот знаеле за зависноста од обложување која ја имал младиот играч.
Ла Република пишува дека Леонардо Бонучи е едниот од неколкумината кои биле запознаени со лошата навика на Николо Фаџоли.
И покрај тоа што нема докази дека дефанзивецот се обложувал, тој може да настрада поради тоа што не го пријавил Николо Фаџоли.
Фудбалерите имаат обврска да се обратат кај обвинителот при Фудбалската федерација на Италија и да пријават доколку дознаат дека некој играч нелегално се обложува, или планира да се обложува.
За оние кои нема да пријават, се предвидува суспензија од шест месеци.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.