Приказната помеѓу
Леонардо Бонучи и Јувентус ќе заврши на суд. Искусниот дефанзивец, кој се пресели
во Унион Берлин во последните денови од преодниот рок, решил да покрена правна
постапка против „старата дама“.
Масимо Алегри одлучи да не смета повеќе на Леонардо Бонучи, па искусниот дефанзивец летово беше
отстранет од првиот тим.
Како што пишуваат
медиумите, Италијанецот тренирал навечер и сам, во различно време од
преостанатиот дел од тимот. Немал никаков контакт со техничкиот персонал, и не
можел да ги користи сите тренинг објекти кои му се на располагање на првиот
тим.
Па не само што не
добил адекватни услови за подготовка за новата сезона, му бил нарушен и
угледот.
Битката која ја
води Леонардо Бонучи е од принцип, а не од економска природа. Тој вети дека евентуалната
сума која ќе ја добие, ќе ја донира на една невладина организација од Торино, која им помага на семејствата кои имаат дечиња хоспитализирани на одделот неврохирургија
во болницата „Реџина Маргерита“.
Исто така оваа
невладина организација купува дефибрилатори и потоа ги донира на спортски
клубови, училишта и општини.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.