612
Масимо Алегри не смета на Бонучи за оваа сезона, па дефанзивецот мора да го напушти Јувентус. Торинскиот гигант дури не му даде дрес за сезонава.
Во изминатите месеци само Унион Берлин и Лацио покажаа интерес за Бонучи, двете екипи се пласираа во групната фаза од Лигата на шампионите.
Според „Скај Спорт Италија“, претставници на Бонучи денеска повторно биле во контакт со луѓето од Унион Берлин за дискусија за личините услови.
Лацио немаше прогрес со Јувентус во преговорите за Бонучи, тој не е приоритет за римскиот клуб.
Доколку нешто значително не се промени во изминатите денови, Бонучи ќе стане играч на Унион Берлин.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.