Боно вечерва ќе брани против Манчестер Сити, па потоа ќе се договара со Ал Хилал!

by
2 минути читање

Ал Хилал и Севиља се договорија за сума од 19 милиони евра плус два милиони евра во бонуси.

Саудискиот клуб почнал разговори и со таборот на Боно, се дискутира за тригодишен договор, но тој ќе даде зелено светло по вечерашниот меч.

Вечерва се игра УЕФА Суперкупот во кој се среќаваат Манчестер Сити како освојувач на Лигата на шампионите и Севиља како победник во Лига Европа.

Откако ќе заврши тој меч, Боно ќе ги разгледа условите и веројатно ќе даде зелено светло за реализација на трансферот.

@2024 – Сите права задржани