Бомба во Србија: „Трактористите“ се засилија со Белфодил!

by 24 фудбал
1 минути читање

Алжирскиот фудбалер Ишак Белфодил е ново засилување за екипата на ИМТ од Белград во српската Суперлига.

33-годишникот кој изминатите шест месеци немаше клуб, доаѓа во таборот на „трактористите“ и стави потпис на договор со овој клуб. Белфодил во својата кариера има навистина богато портфолио, а без сомнеж најголемо име во него е Интер.

На почетоците Белфодил мина низ неколку француски клубови, а како првотимец дебитира во Лион. Потоа направи трансфер во Болоња, па играше за Парма од каде за речиси шест милиони евра се пресели во Интер. Сепак, не се изнаригра во таборот на „нераѕурите“ и бргу беше позајмен во Ливорно, а потоа и продаден назад во Парма.

Калчото го напушти во 2015 година, па заигра за Банијас во ОАЕ, пред да се врати во Европа. Преку Стандард Лиеж кариерата на Белфодил водеше во Германија, играше за Вердер Бремен, Хофенхајм и Херта, а во 2022 година замина во катарска Ал Гарафа. Последен клуб пред ИМТ му беше Сабах од Азербејџан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани