Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски би можел повторно да се врати во шкотскиот фудал каде што пред доаѓањето во Жирона го носеше дресот на Абердин.
Сега според ифнормациите на меидумите во Шкотска сериозен интерес за услугите на македонскиот напаѓач покажал Слетик. Селтик остана без Кјого Фурухаши кој во зимскиот преоден рок направи трансфер во Рен.
Како привремени замени Адам Идах и Дајзен Маеда одиграа солидно, меѓутоа Селтик сака да доведе класичен напаѓач. Миовски со Селтик се поврзуваше и пред преселбата во Шпанија, сепак тогаш не дојде до договор.
Во Шпанија Миовски не успеа да ја прикаже формата со која играше во Шкотска и сезоната ја заврши со четири гола и две асистенции. Миовски во Шкотска остави одличен впечаток постигнувајќи 44 гола и седум асистенции на 98 натпревари.