Болоња ја победи Рома на Олимпико и направи голем чекор кон Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Болоња имаше одличен почеток на мечот, во 14. Ел Азузи постигна неверојатен гол за водство од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме Зиркзе го зголеми водството на гостите на 2-0.

По десет минути игра во вториот дел Рома успеа да се врати во мечот со погодок на Азмин, но во 65. минута Салемакерс со одличен лоб ги постави конечните 3-1 за Болоња.

Болоња сега има 62 бода на четвртото место, седум повеќе од Рома која е петта и осум повеќе од шесттата Аталанта. (Рома и Аталанта имаат меч помалку) Во Серија А оваа сезона и петтата позиција води во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани