Калчото оваа
сезона реши да го следи примерот на Премиерлигата и да се игра фудбал на
Боксинг деј, односно ден по Божиќ. На програмата имаше неколку интересни
пресметки а дербито беше на Џузепе Меаца каде Интер го пречека Наполи.
Но наместо мечот
да биде фудбалски спектакл, утрово медиумите пишуваат за црн Боксинг деј откако
еден фан на „нероаѕурите“ го загуби животот а четворица гостински навивачи биле
избодени со нож.
Инцидентот се
случил на еден час пред мечот, кога дел од ултрас тифозите на Интер пресретнале
и блокирале комбе во кое патувале навивачи на Наполи.
Потоа настанала
тепачка во која четворица „наполитанци“ биле избодени со нож, а кога тие
побегнале од местото со комбето удриле еден фан на Интер. Се работи за 35
годишно момче коке веднаш било префрлено во болница со сериозни повреди, му
биле извршени неколку операции, но за жал починало во текот на ноќта.