Боатенг: Де Зерби е подобар од Гвардиола!

by
1 минути читање

Боатенг смени многу тренери во кариерата, но посебно импресиониран е од Де Зерби со кого работеше во Сасуоло.

„Ако ме тренираше Де Зерби пред 10-12 години, ќе бев поинаков фудбалер. Мислам дека тој ќе биде најдобриот тренер во светот во наредните 20-30 години. Го унапреди секој играч со кој работеше“, вели Боатенг.

„Работев со Де Зерби кога имав 32 години и се чувствував посилен од било кога. Кај него се чувствуваш комплетно вклучен. Знаеше како да ме крене и мотивира. Размислува за човечкиот елемент, што е клучно“.

На прашањето дали мета дека Де Зерби е подобар тренер од Гвардиола, одговорот на Боатенг беше едноставен: „да!“.


×