Блиску сме до историски момент: Роналдо наскоро може да си ја исполни една од најголемите желби

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо би можел да испише нова страница во фудбалската историја, откако се појавија информации дека неговиот клуб Ал Наср размислува во првиот тим да го вклучи и неговиот 15-годишен син.

Талентираниот Кристијано Јуниор блеска во клупската академија и веќе следната сезона би можел да заигра рамо до рамо со својот славен татко.

Според информациите, Ал Наср сериозно ја разгледува можноста за негово приклучување кон сениорскиот тим. Младиот фудбалер се развиваше во некои од најпрестижните академии во светот, следејќи го својот татко во Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед, пред преселбата во Саудиска Арабија.

Со само 15 години, ваков потег би бил огромен знак на доверба во неговиот физички и технички развој. Роналдо и на 42 години останува клучен играч на Ал Наср, а можноста да заигра со својот син е нешто што Португалецот сигурно го посакува.

Зад себе Кристијано Јуниор има импресивна статистика и на 27 натпревари за тимот на Ал Наср до 15 години постигна 56 голови. Неговиот напредок е забележан и на репрезентативно ниво, каде што веќе настапуваше за младинските категории на Португалија.

Сепак, евентуалната преселба во сениорскиот фудбал во саудиската Про лига би бил огромен чекор, со оглед на тоа што физичките барања се значително поголеми отколку во младинските категории.

Доколку дојде до ваков потег, Роналдо би се приклучил на елитното друштво на фудбалери кои играле заедно со своите синови, како што се Хенрик Ларсон и Ривалдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×