101
Во 18. минута по една одлична асистенција со глава на Абрахам, Дибала истрча половина терен и постигна гол за водство на Рома од 1-0. Тоа беше негов деби погодок за римската волчица.
Течеше 32. минута кога една одбиена топка дојде до Дибала, а тој ја смести во мрежата на Монца за водство од 2-0 на Рома. Ова беше јубилеен 100ти погодок за Аргентинецот во Серија А.
По 15. минути игра во вториот дел, Роџер Ибањез зголеми на 3-0 откако најдобро скокна по еден корнер на Пелегрини.
На десет минути пред крајот во игра влезе Белоти, тоа беше негово деби во дресот на Рома. Брзо по влегувањето имаше фантастична шанса да постигне деби погодок, но не успеа во тоа.