Реал Мадрид подготвува сериозен ремонт по разочарувачката сезона, а првиот потег веќе е на повидок.
„Кралевите“ решиле да ја активираат откупната клаузула од само десет милиони евра за Нико Паз и да го вратат од Комо, откако младиот аргентинец импресионираше со своите настапи во Италија. Тој важи за еден од најголемите таленти кои произлегле од академијата на клубот.
Во Мадрид се најавуваат крупни промени, бидејќи раководството не е задоволно од резултатите во последниот период. Претседателот Флорентино Перез планира реконструкција на тимот, со можни заминувања и нов тренер на клупата.
Целта е јасна, враќање на Реал Мадрид во трката за најголемите трофеи по сезона под очекувањата, а Паз ќе добие централна улога во тимот.