729
Кариерата на Мислав Оршиќ е една од најчудните во балканскиот фудбал. Сега 32-годишното крило има нов клуб, откако потпиша со Пафос од Кипар.
Оршиќ се прослави и на евро-сцената бидејќи блескаше играјќи за Динамо Загреб во периодот од 2018 до 2023 година. Тогаш за речиси шест милиони евра се пресели во Премиер лигата и заигра во Саутемптон, меѓутоа апсолутно не се прослави и замина по шест месеци во Трабзонспор, а сега се сели на Кипар.
Во кариерата Оршиќ играеш и за екипите на Интер Запрешиќ, Специја, Ријека, Целје, Јеонам Драгонс, Чатаи, Улсан Хјундаи, Динамо, Саутемптон и Трабзон.