Блатер и Платини се ослободени од обвиненијата за корупција

by
1 минути читање

Судот во Белинцона, Швајцарија ги ослободи од обвиненија Блатер и Платини. Процесот траеше седум години, а двајцата постојано ги негираа обвиненијата, денеска и судот го потврди тоа.

Швајцарските обвинители го обвинија Блатер за незаконска исплата кон Платини од 2 милиони швајцарски франци во 2011 година. Тој тврдеше дека исплатата е направена поради „џентлменски договор“ кој го имал со Французинот бидејќи бил советник за време на организација на Светското првенство во Франција 1998 и работа која ја извршувал до 2002.

Овиненијата значеа крај на кариерите на Блатер и Платини, и двајцата беа суспендирани од сите фудбалски активности. 

Пред пристигнувањето во судот утрово, Блатер рече: „Во животот не сум невин, но во овој случај сум невин“, пренесе „Би-Би-Си“.

Седум години по обвинението, двајцата и пред судот докажаа дека се невини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани