Тео Ернандез е на чекор до заминување од Милан, францускиот лев бек не се појави на стартот на подготовките и чека трансфер во Ал-Хилал.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Ернандез веќе се договорил со саудискиот клуб и ќе потпише договор со годишна плата од 20 милиони евра. Милан би требало да инкасира околу 25 милиони евра, бидејќи играчот влегува во последната година од договорот. Поради тоа, тренерот Масимилијано Алегри не го ниту повика за стартот на подготовките.
Зделката е во завршна фаза и се очекува наскоро да биде официјализирана. Парите се причината поради која Тео го одбра токму Ал-Хилал.
Бартезаги, Бондо, Чуквуезе, Коломбо, Комото, Е. Ројал, Фофана, Габија, Хименез, Леао, Либерали, Лофтус-Чик, Мањан, Муса, Нава, Окафор, Павловиќ, Побега, Пулишиќ, Ричи, Саелемакерс, Спортиело, Терачано, Чао, Томори, Торијани, Вос.