76
Расмус Хојлунд на
почетокот од август стана нов „ѓавол“ во зделка вредна околу 85 милиони евра сосе бонуси, што беше најскап трансфер на
Манчестер јунајтед ова лето.
Но како што
пишува Дејли Мејл, навивачите месец дена не можеле да купат дрес од младата
ѕвезда.
Луѓето задолжени
за маркетинг на Олд Трафод направиле мал превид, не била набавена залиха на
специјалната буква „ø“ во презимето на Данецот, па на фановите им било
посочувано дека ќе треба да се стрпат малку.
Сепак, бизарниот
проблем е надминат и дресовите на Хојлунд конечно се на продажба.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.