36-годишниот Бранислав Ивановиќ како слободен играч ќе потпише за Вест Бромвич. Тој трипати ја има освојувано Премиерлигата со Челси и има речиси 400 настапи за лондонскиот клуб во текот на девет години поминати на Стемфорд Бриџ.
„Трансферот е многу блиску до реализација, се надевам дека ќе биде комплетиран за неколку часа“, вели Билиќ.
„Тој ќе биде големо засилување за нас, за тим кој штотуку се пласираше во Премиерлигата“.
„Тој има постигнато се во својата кариера, фантастичен е. Среќни сме што ќе игра за нас. Пред се ќе внесе квалитет во тимот, но и искуство на теренот и надвор од него“.
„Не е само тој, туку тој плус неговото искуство кое ќе го почувствуваат не само дефанзивците туку целиот тим околу него. Затоа го таргетиравме како една од нашите примарни цели. Тој ќе има големо влијание врз тимот, ќе биде големо засилување за нас“.