Билети за натпреварот меѓу Албанија и Србија се продаваат по 13.000 евра!

by 24 фудбал
1 минути читање

Во Албанија владее вистинска еуфорија пред историскиот меч со Србија што ќе се игра на 7 јуни во Тирана во рамки на квалификациите за СП 2026. Фудбалската федерација на Албанија добила над 200.000 барања за билети, па одлучи 22.500 влезници да ги распределува преку жреб.

Рокот за пријавување е продолжен до 4 јуни, а веќе започна дистрибуцијата на билетите за оние кои се извлечени. Федерацијата ги повика сите пријавени редовно да ги проверуваат своите мејлови.

Иако официјалната продажба сѐ уште трае, билетите веќе се појавија на пазарот – на Viagogo се нудат по цени од 170 до дури 13.000 евра. Дури ни најверните навивачки групи не добија автоматски билети и останува да се надеваат на среќа во жребот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани