435
Лестер во 7. коло
го совлада Лидс со 1-4, но наместо двојна победа, Марсело Биелса вечерва му
врати на Брендан Роџерс мило за драго.
Лидс одигра
одлично на „Кинг Пауер“ стадионот и си замина со три бода и триумф од 1-3.
Барнс ги донесе
домаќините во предност од 1-0 во 13. минута, но само 120 секунди подоцна, Далас
изедначи на 1-1.
Во продолжението
од мечот на сцена стапи Бамфорд, кој прекрасно погоди за 1-2 во 70. минута, а
потоа несебично го проигра Харисон за 1-3 во 84. минута.
Нашиот Езгјан
Алиоски одигра 90 минути.