Биелса: Ќе ги корегираме грешките, но нема да го промениме начинот на кој играме

by
1 минути читање

Лидс доживеа тежок пораз на Олд Трафорд откако загуби со 6-2 од Манчестер јунајтед. Биелса има специфичен стил на игра, поразличен од другите, офанзивно, со брза трансформација од одбрана во напад и промени на позициите на играчите.

Без разлика на високиот пораз, Лидс нема намера да го промени стилот на кој игра.

„Во првото полувреме имавме слични шанси како и тие, само ние што не ги искористивме. Нашите напади доаѓаа од комбинирана игра, нивните напади доаѓаа од наши грешки, наши загубени топки во нападот и тие се трансформираа од одбрана во напад“, вели Биелса.

„Нашето враќање беше побавно од нивната транзиција и тоа е поврзано со фактот што ние не можевме да ги завршиме нашите напади па нашите враќања ја немаа потребната брзина“.

„Ќе го корегираме тоа што беше лошо и ќе се обидеме да ги чуваме добрите работи. Но нема да го промениме начинот на кој играме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×