Без Мурињо блесна и Погба, но на Сити му се стемни, Ливерпул се зацврсти на врвот (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Два од два за Солскјер
на кормилото на најтрофејниот клуб од Англија, Норвежанецот попладнево пред Олд
Трафорд се претстави со триумф над Хадерсфилд. Пол Погба уживаше
на теренот и со два гола ги предводеше „ѓаволите“ до триумф од 3-1.

Матиќ го отвори
резултатот во 28. минута, а за Погба во 64. минута да финишира една одлични
одработена акција. Французинот потоа од далечина прекрасно биеше за
3-0 во 78. минута. Јоргенсен во последните мигови од мечот постигна само
почесен гол за гостите.

Се чини дека по
отказот на Мурињо им се стемни на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, кои втор меч
по ред остануваат со празни раце. „Граѓаните“ поведоа на „Кинг Пауер“ со
голот на Бернардо Силва, но Лестер направи пресврт и со погодоците на Олбрајтон
и Рикардо Переира приредија изненадување и славеа со 2-1.

Ливерпул се
зацврсти на врвот откако со 4-0 го совлада Њукасл, а на второто место скокна
Тотенхем. „Спарси“ имаа ново гол шоу и со 5-0 го совладаа Борнмут. Евертон со 1-4
триумфираше над Кристал Палас по серијата лоши резултати, а Кристал Палас и
Кардиф одиграа меч без погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани