11
Во мечот од нашата група од Лигата на нации, Словенија и Шкотска одиграа без голови 0-0.
Првиот дел помина во изедначена игра, Словенците дадоа и гол кој им беше поништен поради офсајд.
Во второто полувреме Шкотска беше многу подобар противник, имаше многу шутеви кон голот на Облак, имаа дури 14 обиди, но ниту еден не заврши во мрежата на домаќините.
Следниот натпревар на Словенците е мечот против Македонија, а Шкотска игра со Швајцарија.