285
Бетис поведе со гол на Иглезијас во 38. минута од натпреварот, со 1-0 се отиде на одморот.
Меси беше на клупата, но откако Куман виде дека не може без него, го внесе во игра во 57. минута, а само две минути подоцна Аргентинецот постигна гол за израмнување на 1-1.
Во 68. минута Руиз си постигна несреќен автогол за комплетен пресврт и водство на Барселона од 2-1.
Но, само седум минути подоцна Руиз ја затресе мрежата и на Барселона откако погоди со глава.
На три минути до крајт на мечот, Тринкао постигна убав гол за победа на Барселона од 3-2.