Бидете број 1 во обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот Азиски брокер за обложување.
Барселона – Леганес: Повеќе од 2,5 гола
„Каталонците“ имаат +9 на врвот на табелата и титулата во Шпанија полека им се смешка, но Ернесто Валверде инистира дека нема простор за опуштање, смета дека им се потребни уште 15 бода и нема да запрат додека не ги освојат, без разлика колку далеку е тимот зад нив. На Камп Ноу денеска гостува Леганес. Барса на располагање го има речиси цел тим, недостасува само Бускетс. Но се очекува да има одредени промени во стартниот состав, и некои играчи да добијат одмор пред реваншот во Лигата на шампионите и гостувањето во Рим. Кутињо и Дембеле треба да се вратат во стартните 11 и да бидат во форот покрај Луис Суарез и Лео Меси. Ако трите бода не се доволен предизвик, вечерва Барселона може да изедначи еден голем рекорд. Доколку не доживеат пораз, „Каталонците“ ќе стигнат до серија од 38 натпревари без загубени бодови во Ла Лига и ќе го изедначат достигнувањето на Реал Сосиедад од 1979 и 1980 кое е најдобра серија во првата лига на Шпанија. Откако се избори за место во елитата, Леганес има три пресметки со Барселона и ги загуби сите три. Но минатата сезона на Камп Ноу пружи силен отпор, беше на чекор до бод, но Меси во 90. минута од пенал донесе победа. Па избраниците на Гаритано и сега ќе се обидат скапо да ја продадат својата кожа. На трите пресметки на овие два тима паднаа дури 12 погодоци па и вечерва се очекува да има голови на Камп Ноу.
Манчестер Сити – Манчестер јунајтед: Двата тима постигнуваат гол
Тајмингот за 176. градско дерби не може да биде подобар, Манчестер Сити има уникатна шанса да стигне до титулата со победа на домашен терен во дуелот со Манчестер јунајтед. Ако „Граѓаните“ триумфираат, играчите сигурно ќе станат легенди во сината половина на Манчестер. Но еуфоријата на Етихад малку спласна откако во средата Манчестер Сити доживеја пораз од 3-0 против Ливерпул во Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола сега ќе биде во дилема, дали да ги штеди своите избраници за ревашот со „Црвените“ или со сите сили да ги нападне трите бода и на навивачите да им го донесе она по кое копнеат, славје на титулата против лутиот локален ривал. „Граѓаните“ ја добија првата пресметка од оваа сезона, на домашен терен се непоразени веќе 27 натпревари во Премиерлигата и се во серија од 14 победи пред своите фанови, па тоа ги прави фаворити за овој дуел. Но и Мурињо и Манчестер јунајтед си имаат своја математика за овој меч. „Црвените ѓаволи“ имаат четири победи во низа во првенството на Англија, и останаа непоразени на последните две гостувања на Етихад, на кои не примија гол. Ливерпул покажа дека и покрај тоа што Манчестер Сити ја има најскапата одбрана во светот на фудбалот, таа е ранлива под притисок, па и Манчестер јунатед може да го искористи овој рецепт за да ја затресе мержата на противникот.
BET-IBC исто така ви нуди шанса да ставите највиски облози со најдобрите коефициенти.
Сампдорија – Џенова: Победа или реми за домаќинот
31. коло од Серија А го носи „Дерби дела Лантерна“, нашиот Горан Пандев со Џенова гостува кај Сампдорија. Мараси ќе биде исполнет до последно место, фановите ќе подготват спектакуларна атмосфера, а се очекува и актерите на теренот да бидат на високо ниви и да понудат жестока битка за бодовите. Изминатиов месец и двата тима се мачеа со формата, но оваа недела малку ја фратија самодовербата откако триумфираа над Аталанта односно Каљари. Кваљарела се уште не е 100% фит, па не е познато каква ќе биде неговата инволвираност на овој натпревар. Должноста за голови ќе ја има Дуван Запата, кој ги намести двата погодока на првиот меч оваа сезона, а погодуваше и на три од последните пет меча на Сампдорија. Лападула треба да го предводи нападот на Џенова, а Пандев да му прави друштво. Македонецот се очекува да добие предност пред младиот Медеирош, кој постигна еврогол против Каљари и донесе три бода. Јасен фаворит нема, но Сампдорија во последните години излегува како победник во градското дерби. „Ил Дорија“ забележа дури шест победи на последните осум пресметки со Џенова. „Ил Грифоне“ може да се пофали со само еден триумф, а загрижува и тоа што Џенова на дури четири натпревари не успеа ниту да постигне гол.
Монако – Нант: Победа на домаќинoт
Клубот од малото кнежевство нема шанси за титулата, целта е второто место и директен пласман во Лигата на шампионите. Монако има +5 во однос на Марсеј и +7 во однос на Лион на седум кола до крајот и нема простор за опуштање, особено по киксот во минатото коло. На Луј Втори денес гостува Нант, екипа која игра во лоша форма во последно време, од можни 30 бода освоија само 10 и притоа постигнаа 11 погодоци. „Канаринците“ последен пат на цел плен на гости се радуваа дури на крајот од јануари. Интерсно, Нант го доби првиот дуел со Монако оваа сезона, а по овој натпревар на крајот од ноември, актуелниот шампион нема пораз во Лиг 1 и е во серија од 16 средби на кој освојува барем еден бод. Затоа домаќините се и големи фаворити за денешната пресметка и се освоен три бода за избраниците на Жардим ќе биде изненадување.
За да заштедите време, можете да се обложувате на повеќе сметки со регистрирање на VIP платформа за обложување.