Бесот собран од Енфилд, Манчестер јунајтед го истури врз Бетис (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Момците на Ерик тен Хаг одлично одговорија по дебаклот на Енфилд, го победија Бетис со убедливи 4-1.

Триумфот го најави Рашфорд уште во шестата минута од натпреварот, но првото полувреме не беше идеално. Во 32. минута Перез го изедначи резултатот на 1-1.

Но во второто полувреме Манчестер јунајтед беше многу подобар од Бетис, голови дадоа Антони, Бруно Фернандеш и Вегхорст за триумф од 4-1. +3 е сериозна предност за реваншот во Севиља.

Јувентус со 1-0 го победи Фрајбург. По осум минути игра во второто полувреме, Костиќ убаво нафрли, а Ди Марија погоди со глава за победа на италијанскиот тим.

Севиља со 2-0 го совлада Фенербахче, а мечот меѓу Шахтар и Феенорд заврши нерешено 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×