Деле Али во Турција беше пречекан со овации, во Бешикташ дојде како голема ѕвезда, но брзо покажа дека неговата кариера забрзано се движи во надолна линија.
Според турските медиуми, Бешикташ сака да ја раскине позајмицата на Деле Али и да го врати во Евртон, но англискиот клуб не го сака назат. Тоа значи дека тој ќе остане во Турција до крајот на сезоната.
Деле Али важеше за еден од најголемите таленти во Англија, но најпрво се скара со Покетино, потоа не ги слушаше советите на Мурињо па и со него го расипа односот, не успеа да ја крене формата ниту под водство на Конте, по што беше продаден на Евертон, но и таму за кратко време го изгуби местото и стигна до Бешикташ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.