Беше ѕвезда во Премиер лигата, а сега ќе игра во словенската втора лига

by Стефан
1 минути читање

Саидо Берахињо поранешната ѕвезда во Премиер лигата на 31 година ќе игра во словенската втора лига.

Екс-напаѓачот на Вест Бромвич Албион потпиша договор со второлигашот од оваа земја Табор Сежан. Репрезентативецот на Бурунди ќе се обиде да помогне на Табор да се избори за промоција во првата лига.

„Вобуден сум што ќе играм за тим кој ќе се бори за промоција. Имаме многу млади и талентирани фудбалери кои досега одработија одлична работа, а сега е време да се соединиме како тим и да тргнеме кон нашата цел, тоа е промоција“, изјави Берхињо.

Во кариерата напаѓачот покрај Вест Бромович настапуваше уште за: Нортамптон, Брентфорд, Петерборн Јунајтед, Стоук, Зулте Варагем, Шарлеоа, Шефилд Венсдеј, АЕЛ Лимасол и Рајштан Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани