Поранешниот голем талент на Ливерпул, Џордон Ајб, фудбалер од кого се очекуваше да стане светска ѕвезда, заврши во осмиот ранг на англискиот фудбал каде што ќе игра на само 29 години.
Ајб потпиша договор со аматерскиот клуб Ситингборн, кој се натпреварува во Јужната Источна дивизија, што е осмо ниво во англиската фудбалска хиерархија. Поранешната ѕвезда на Ливерпул веќе извесно време настапува низ пониските лиги во Англија, откако во 2023 година се врати од Турција.
„Горди сме што Ситингборн доби доверба да му помогне на Џордон повторно да ја пронајде радоста во фудбалот“, стои во соопштението на клубот.
Да потсетиме, Ливерпул го доведе Ајб во 2012 година, кога имаше само 16 години, и тогаш се сметаше за поголем талент дури и од Рахим Стерлинг, кој подоцна стана една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал.
Во дресот на „црвените“ одигра 58 натпревари, пред да биде продаден на Борнмут за 15 милиони фунти. Но, и покрај 92 настапи во Премиерлигата, не успеа да остави посериозен впечаток и кариерата му тргна во надолна линија.
Jordon Ibe is a Brickie 💪🧱 pic.twitter.com/3IVf8z0NTs
— Sittingbourne FC (@SittingbourneFC) October 29, 2025