108
Жоао Кансело
изминативе сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити
и еден од најдобрите бекови во Премиерлигата. Во февруари минатата година беше
награден со нов богат договор до 2027 година, но оваа сезона Португалецот се
скара со Пеп Гвардиола и има ограничена минутажа.
На 48 часа пред
крајот на зимскиот преоден рок, неколку извори од Англија пренесуваат дека Жоао
Кансело ќе направи изненадувачки трансфер,
Десниот бек ќе се пресели на позајмица во Баерн
Минхен до крајот на сезоната, „баварците“ исто
така ќе добијат опција во целост да го купат фудбалерот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.