18
Португалската фудбалска ѕвезда, Бернардо Силва денеска го игра последниот натпревар за Манчестер Сити, а разделбата со англискиот клуб ја дожвува со посебни емоции.
Силва од камерите беше забележан како плаче уште во тунелот од стадионот Етихад, пред да излезе на теренот.
Bernardo Silva em lágrimas antes do seu último jogo pelo Man City 🩵 pic.twitter.com/QhQFZgFBFs
— B24 (@B24PT) May 24, 2026
Тој во Манчестер Сити е од 2017 година кога пристигна од Монако. Силва стана вистинска легенда на англискиот клуб.
Шестпати ја освои Премиер лигата, еднаш триумфираше во Лигата на шампионите, има три трофеи во ФА Купот и пет во Лига Купот на Англија.