Бернардо Силва се огласи по гласините за трансфер во Барселона

by
1 минути читање

Бернардо Силва се
најавува како последното звучно име од сложувалката на Барселона и Чави ова лето, вчера
се пишуваше дека е договорен трансфер вреден 50-60 милиони евра, стории кои
потоа беа демантирани.

Португалецот сега
седна на разговор со ЕСПН и ги прокоментира гласините кои кружат со месеци.

„Секогаш сум
велел дека сум среќен тука, но не знам што ќе се случи, ќе видиме. Мојот однос
со клубот е искрен, отворено разговаравме и тие знаат што сакам. Ако останам,
ќе продолжам да го давам максимумот. Ако не останам, таков е фудбалот“
– вели Бернардо
Силва.

Манчестер Сити
ова лето даде зелено светло за трансфер на Рахим Стерлинг и Габриел Жесус, па
Бернардо Силва беше запрашан дали очекува ист третман доколку побара да замине.

„Сити е голем
клуб и не сака играчи кои не се среќни, тога постојано ни го нагласуваат.
Секако, ова е бизнис и ќе бараат соодветна сума за да не пуштат, но лично јас
имам однос на взаемно почитување со клубот. Тие секогаш биле искрено со мене, и
јас секогаш сум бил искрен со клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани