Подолго време се
говори дека Бернардо Силва сака да го напушти Манчестер Сити, ПСЖ и Барселона
пројавуваат интерес за неговите услуги.
Но Португалецот
може да повлече изненадувачки потег и да ги одбие европските гиганти за
преселба во Саудиска Арабија.
И тоа не е
случајно, како што пренесува Дејли Мејл, Ал Хилал му нуди плата од 75 милиони
фунти по сезона, односно речиси 90 милиони евра.
Ова се многу пари,
па разбирливо е тоа што Бернардо Силва се мисли за трансфер во Саудиска Арабија
кога е во врвот на својата кариера и има уште многу да понуди. Фудбалските
љубители сигурно ќе бидат разочарани доколку тој ги одбере парите наместо
елитниот фудбал, но искушението е големо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.