Според „Скај Италија“ Берлускони сакал да го отпушти Монтела по серијата лоши резултати на Милан, но не добил согласност од кинезите кои наскоро ќе станат главни сопственици на клубот.
Процедурата за продажба на Милан е во тек и се верува дека до 3. март клубот ќе биде во посед на кинеската групација Сино-Јуроп Спортс. Додека трае трансформацијата на власта, двете страни имаат договор да ги делат големите одлуки, па кинезите не се сложиле со предлогот на Берлускони да му врачи отказ на Монтела.
Пред победата со девет фудбалери над Болоња, Милан имаше серија од четири порази по ред, во тој период се створи тензија помеѓу Берлускони и Монтела која претседателот се надевал дека ќе ја реши со отказ, но налетал на проблем.
Поголем број од фановите на Милан му даваат поддршка на Монтела и се надеваат дека со посериозна инвестиција на трансфер пазарот клубот може да се врати на врвот во Италија и Европа.