Берлускони е позитивен на ковид-19, поранешниот претседател на Милан е во ризичната група

by
0 минути читање

Силвио Берлускони е позитивен на ковид-19, поранешниот премиер на Италија се зразил за време на својот престој во Сардинија каде што бил на одмор.

Тој е асимптоматичен и е во домашна самоизолација.

„Берлускони беше тестиран по неодамнешниот престој во Сардинија, тестот е позитивен“, веста ја потврди неговиот личен лекар, Алберто Зангрило.

Силвио Берлускони во текот на овој месец ќе наполни 84 години, со оваа возраст тој се наоѓа во високоризичната категорија. Но добра вест е тоа што е асимптоматски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани