163
24-годишниот фудбалер одигра 25 натпревари во Премиерлигата за Тотнем минатата сезона, но само на еден од нив беше стартер.
Тој се поврзува со трансфер во Ајакс, но вели дека сака само да оди во клуб каде ќе игра, не му ве важно дали ќе биде тоа во Лигата на шампионите.
„Потребно ми е само да играм. Сакам да го напуштам Тотнем сега, тоа е сигурно“, вели Бергвајн.
„Дали ми е важно мојот нов клуб да игра во ЛШ? Тоа не ми е приоритет. Би било убаво, но најважно ми е да одам на место каде што ќе играм“.
„Би било убаво мојата ситуација да се реши колку што е можно побрзо“.