Каи Хаверц
подолго време е на радарот на гигантите ширум Европа и изминатиов период често
има шпекулации за богат трансфер. Синоќа се појавија стории кои велеа дека перспективниот
Германец сакал да се пресели во Реал Мадрид и да игра покрај својот идол Тони
Крос.
Димитар Бербатов
смета дека ова ќе биде погрешен потег и го советува репрезентативецот на „панцерите“
да не го одбира „Сантијаго Бернабеу“ за нова дистинација, или барем да не го
прави тоа ова лето.
„Каи продолжува
да импресионира и да привлекува огромно внимание, вклучувајќи го и она на Реал
Мадрид. Според мене, во моментов не треба да ја разгледува понудата од Реал
Мадрид. Воопшто не е лесно таму, доколку не сте ментално подготвени за високите
барања, ќе поминувате низ пекол“ – пишува Бугаринот во својата колумна за Бетфер.
„Погледнете што
му се случува на Лука Јовиќ, на почетокот критики добиваше и Еден Азар, па и
Тибо Куртоа. Герет Бејл и ден денес добива свирежи, а и Кристијно Роналдо беше
исвиркуван од публиката, а тоа е незамисливо. Знам дека белиот дрес е
примамлив, но треба да сте навистина спремен. Хаверц се уште е многу млад, и
доколку остане уште една година во Баер Леверкузен тоа ќе му помогне да се
развие технички, физички и психички“.
„Реал има широк
состав со големи играчи и мислам дека ќе му биде тешко да игра на секој натпреар. Во овој дел од кариерата потребно му е да игра постојано, па затоа Леверкузен е најдобро место за да
продолжи да се развива. Нема да загуби ништо, сега е ѕвезда и игра редовно во
Бундеслигата и луѓето го забележуваат. Знам каков клуб е Баер, знам како ги
развиваат играчите и знам колку околината е пријателска. Нема да загуби ништо
ако остане уште една сезона, само ќе има корист“.