Берарди цело лето се поврзуваше со најголемите клубови од Италија, на крајот продолжи со Сасуоло

by
0 минути читање

Ова лето 28-годишниот Берарди се поврзуваше со Јувентус, Интер, Милан, Рома, Наполи и Фиорентина, но на крајот одлучи да продолжи во Сасуоло.

Сасуоло за негово заминување бараше 40 милиони евра, никој не сакаше да ја плати таа сума, па фудбалерот не само што остана, туку и го продолжи договорот.

Берарди досега има 327 настапи за Сасуоло, постигнато 121 гол и 84 асистенции.

За италијанската репрезентација има 24 настапи и шест постигнати гола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×